Груевски: УМС, ВМРО-ДПМНЕ и Македонија заедно растеа и напредуваа

Поминаа 24 години од формирањето на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. Години низ кои растеше репутацијата на УМС од година во година.И внатре во партијата и во пошироката јавност. Како што растеше репутацијата, растеше и бројноста. Денес УМС брои 51 илјада членови, како никогаш досега, и еве, оваа годишна конференција ја организираме во Спортскиот Центар Јане Сандански, за да можат да влезат барем 10-12 илјади колку што не има денес, рече премиерот Никола Груевски во воведот од своето обраќање на Годишната конференција на Унијата на млади сили на партијата.

- 51 илјада членови е околу 30 осто од вкупниот број на членови на партијата кој достигна 170 илјади. Таа репутација и таа бројност не доаѓаат случајно.Тие дојдоа како резултат на многу работа, проекти, достигнувања, вклученост, придонес, помагање, мудри раководства, мудри одлуки и постојана активност. Сиот тој развој се движеше заедно со развојот на партијата. УМС е еден од неколкуте клучни столбови на ВМРО-ДПМНЕ, и тоа денес не е празна реторика туку реалност. УМС низ годините стана и регрутен центар за нови способни, образовани кадри. Кадри со висок капацитет и професионалност. Многумина членови на УМС денес се на различни значајни функции, рече Груевски.

Премиерот нагласи дека некои се членови на  владата, некои се членови  парламентот, други на значајни места во министерствта и државните институции, трети во ИК на партијата.

-УМС е сериозен фактор и во партијата и во државата. УМС е меѓународно активна и присутна секаде меѓу најзначјните подмладоци на најмоќните партии од Европа и светот. УМС учествува во реформите и напредокот на Македонија. Учествува во креирањето на партиските а преку нив и на  државните политики.  Тоа е денес УМС на ВМРО-ДПМНЕ.Тоа не се изгради одеднаш и преку ноќ. Тоа е заслуга на долготрајно работење и напредок на самите себе.Заслуга за ова има сегашното раководство предводено од Владимир Неловски, но и претходното предводено од Диме Спасов, и она пред него Предводено од Сашо Стефановски, и она од Александар Николовски, и сите пред нив, Игор Гиевски, Филип Петровски, Зоран Петрески, Роберт Љушев и Драган Димишков Попе. Го поздравувам ангажманот на сите досегашни раководства на УМС. Го охрабрувам сегашното раководство да продолжи по зацртаните патеки на работење, реализирање на зацртаните планови, и континуиран напредок во секоја смисла. УМС секогаш ја имало мојата подршка како претседател на партијата, и ќе ја има и во иднина. Заедно градиме  успешна приказна за ВМРО-ДПМНЕ и за Македонија, рече Груевски.

Премиерот нагласи дека заедно победиле на 9 изборни циклуси досега, без ниту еден пораз помеѓу некој од нив.

-Заедно растевме, и УМС, и ВМРО-ДПМНЕ, и Македонија. Заедно напредувавме.Заедно тагувавме кога доаѓаа тешки моменти, заедно ги надминувавме проблемите и наоѓавме решенија, и заедно се радувавме на успесите, рече Груевски.

 

 

Оцени ја веста

28.06.2015 - 14:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега