Невработеноста во еврозоната достигна 12,1 процент

Невработеноста во еврозоната забележа раст во мај и достигна 12,1 отсто, јави ДПА.

Уште 67 илјади лица им се придружија на оние кои претходно останаа без работа, со што вкупниот број на невработени според Евростат изнесува 19,2 милиони лица. 

Голема загриженост предизвикува невработеноста меѓу младите, поради стравувањата дека се создава една цела „загубена генерација“. Во мај се регистрирани 3,5 милиони лица под 25 години кои немаат работа, со што невработеноста меѓу младите во еврозоната достигна 23,8 отсто, нагласи Евростат.

Највисока стапка на невработеност и натаму има во Грција и Шпанија, додека Австрија и Германија имаат најниски стапки. 

ФОТО: Економски