Протести сеуште ја тресат Турција - повредени неколку демонстранти

Двајца новинари, седуммина полицајци и десетина демонстранти се ранети во судирите меѓу полицијата и учесниците во синоќешните протести во турскиот град Мерсин, за истанбулскиот парк.

Полицијата се обиде да ги спречи демонстрантите, а тие на тоа одговорија со камења и празни шишиња. Дел од демонстрантите почнаа да поставуваат барикади и ги гаѓаа полицајците со сè што ќе им дојде при рака - столици, маси, чадори, канти за отпад.

Во Бејолгу 15 екстремисти со маскирани лица извикуваа пароли за поддршка на терористичка организација и нападнаа со камења и шишиња градски автобус со 30 патници. 

најчитано сега