Започна 50-то јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“

 

Во присуство на претседателот на Ѓорге Иванов, министерката за култура Елизабета Канческа- Милевска, пред патениците во собранието на РМ, градоначалникот Марјан Ристески, претседателот на совет, уметничкиот директор на Фестивалот Петар Темелковски и пред голем број на гости започна 50-то јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.Фестивалот започна со Македонската химна, а веднаш потоа следуваше читање на Повелбата -  признание кое Претседателот Ѓорге Иванов му го додели на јубилејниот фестивал.Плоштадот „Методија Андонов- Ченто“ претставуваше голема театарска сцена на која актерите од македонските театри пееа и  изведоа  делови од текстови на патронот – Војдан Чернодрински. Режисер на овој заеднички перформанс кој траеше околу два часа беше познатиот режисер Дејан Пројковски. Во официјалниот дел на фестивалската програма и во трката за награди се 13 претстави на македонските професионални театри.Фестивалот ќе трае од 12 до 19 јуни. Годинашни добитници на наградата за животно дело се актерите Мето Јовановски и Благоја Чоревски и театрологот Јелена Лужина. Фестивалската програма започна вчера со претставата на МНТ „Електра“, која поради спецификата, публиката ја гледаше во Скопје на нејзината матична сцена. На 16 јуни публиката ќе патува во новиот театар во Велес за да ја проследи претставата „Приказни од шестиот кат“.

Во присуство на mинистерката за култура Елизабета Канческа – Милевска и gрадоначалникот Марјан Ристески беше пуштена во употреба и реконструираната сала во ЦК „Марко Цепенков“, а воедно ја проследија и изложбата „Древности“ од Александар Станкоски која се оддржа во ликовна галерија.

 

 

 

Оцени ја веста

13.06.2015 - 10:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега