ГАЛЕРИЈА: Скопје на нозе Сити Мол преполн - погледнете што се случува на полноќниот шопинг
Денеска во трговскиот центар Скопје Сити Мол се организира шопинг до полноќ во соработка со Теа Модерна како единствен life style магазин.
Вечерва во Скопје Сити Мол посетителите ги очекуваат неверојатни попусти како и изненадувања за сите кои ќе се решат да дојдат и да пазаруваат до полноќ. За таа цел работното време е продолжено за цели два часа.
Воедно, посетителите се забавуваат и со музиката на ДЈ-ите на Антена 5 радио.
Погледнете ја атмосферата во Скопје Сити Мол!