Меркел: Имам набиена агенда, затоа не и удоволив на Хрватска

Канцеларката на Германија Ангела Меркел денска истакна дека нема да може да присуствува на прославата по повод зачленувањето на Хрватска во ЕУ поради проблем со термините и големиот број на обврски кои што ги има од недела до понеделник. 

Таа разговарала и со хрватскиот премиер Зоран Милановиќ и ветила дека во Хрватска ќе дојде по изборите во Германија. 

.-Се радувам за влезот на Хрватска во ЕУ, но понекогаш едноставно термините не може да се усогласат, додаде таа.

Медиуми во двете земји шпекулираат дека причина поради која Меркел нема да дојде во Хрватска е најавата на владата на Хрватска дека ќе ја ограничи примената на европскиот налог, за апсење од 2002 година, со што би се спречила испорака на Јосип Перковиќ на Германија.