ГАЛЕРИЈА: Уште една галија се подготвува да никне во Вардар
Никнаа неколку бетонски столбови кои ќе ја држат новата галија која треба да се смести во водите на Вардар пред хотелот „Холидеј ин“, пренесува Плусинфо.
Оваа галија е една од четирите кои треба да бидат поставени во Вардар. Уште една од планираните галии е веќе во изградба. Таа е стационирана на десната страна на коритото на реката, спроти новиот Стар театар. Двете галии ги гради фирмата „Фаланга ДИМ“ која со нив ќе стопанисува за нив 10 години и на Град Скопје ќе му плаќа кирија од 1.050 евра за едниот сплав, и 1.250 евра за другиот. Сплавовите ќе се користат како угостителски објекти, а според првичните информации, едниот ќе биде француски ресторан, а вториот бар за закуски, пишува Плусинфо.
Спроти галиите кои се веќе во изградба, на левата страна од речното корите се планираат уште две галии. Според досегашните сознанија, една од нив ќе ја гради фирмата „Ресторан Воденица ОНЕ“.