ВИДЕО: Чудесно откритие во колиба стара стотици години

Роберт Фалкон Скот во ноември 1911 година го напуштил својот логор и се упатил на судбоносен пат кој на крајот му го одзел животот.

Во текот на своето патување по Јужниот пол, Скот и неговиот тим од 4 луѓе ги ризикувале своите животи за да станат првите луѓе кои го освоиле “дното на земјата“.

Борејќи се со жестоките ветрови и ниските температури, опасното патување полека го усмртило петочлениот тим.

Поминале преку 100 години од нивната смрт, а колибата во која истражувачите престојувале е реновирана и изгледа во потполност како во славните денови на Викторијанска Англија.

Екстремно ладното време сочувало многу предмети како што се весници, опрема, мебел, конзерви со храна итн.

Погледнете го видеото.

 

 

Оцени ја веста

31.05.2015 - 10:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега