Нов асфалтен слој на две улици во Кавадарци
Општина Кавадарци започна со асфалтирањето на улиците „22 Декември“ и „Димитар Влахов“ со нов асфалтен слој со дебелина од 5 сантиметри, пренесува МИА.v- Се работи за асфалтирање на улици со вкупна површина од 1.250 метри квадратни или 370 метри должни. Вкупната вредност за овие активности е 900 илјади денари, пари од буџетот на општина Кавадарци, соопштуваат од Службата за односи со јавноста при локалната самоуправа.
Изведувач на работите е компанијата „Изолација“ од Скопје.
Оцени ја веста
29.05.2015 - 20:59
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа