ФОТО: Ни случајно не возете по Водњанска во Скопје - еве зошто
Во моментов булеварот Водњанска е целосно блокирана во правец кон Центар поради сообраќајна несреќа, пренесе Плусинфо.
Предмалку на булеварот дошло до судир помеѓу камион - бетономешалка и патнички автомобил, пред семафорот со улицата Железничка.
Автобусите на ЈСП кои никако не може да поминат на булеварот за разлика од некои автомобили кои се искачуваат на тротоарите. Возачите се нервозни и постојано се слушаат свирежи од автомобилите.
ФОТО: Плусинфо