Теодор изрешетан кога излегувал од автомобилот - убиен сопственикот на Пинк-такси
Уште едно крваво убиство ја потресе Србија. Синоќа бил убиен косопственикот на српското Пинк-такси, Теодор Гачеша, познат како Теди, во моментот кога излегувал од својот автомобил.
СПоред податоците на српскиот Курир, Теодор го паркирал својот Мерцедес и излегувал од него, во моментот кога бил изрешетан. Како што вели сведок на настанот, Теди излегол од кола и се упатил кон кафуле каде го чекале пријателите, кога двајца напаѓачи отвориле оган кон него, па откако тој паднал на земјата, веднаш избегале од местото на убиството.
Косопственикот на такси-компанијата бил усмртен со два куршума во главата и еден во рамото.
Инаку, тој е разведен и е татко на три деца. Масакрот се случил во близина на училиште.
Засега не се познати мотивите за убиството. Истрагата е во тек.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа