Петровски: Со насилство и тепање полицајци актерите пред влада се обидоа да дојдат на власт

Филип Петровски вечерва се обрати на панел дискусијата во кампот на Чуварите на демократијата.

-Актерите пред Владата се обидоа со насилство, со тепање полицајци, со соработка со терористички групи, со финансирање од страна на СОРОС да дојдат насилно на власт и покрај вашата волја, рече Петровски.

-Основата на демократијата е еден човек еден глас. Не може Зоран Заев и насилните групи да имаат право на повеќе гласови отколку што ги има, а таа бројка се манифестираше со 200.000 гласови разлика само пред една година. Шест месеци слушаме приказни дека не биле демократски изборите минатата година, но не слушнавме ниту еден разговор, ниту еден доказ, никаков факт дека изборите не биле легитимни, дури и спротивно на тоа сите знаеме дека разликата е реална, дотолку повеќе ако се погледне разликата меѓу двата митинзи во неделата и понеделникот, истакна Петровски.

Тој додаде дека не може никој да направи 200.000 фалсификувани гласови.

- За потсетување на барање на СДСМ ние бевме бележани на палците минатата година, што значи требало да имате и три десни палци. Станува збор за една голема фарса, потенцираше Петровски.

 

 

Оцени ја веста

22.05.2015 - 21:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега