ИД презеде одговорност за нападот врз шиитската џамија во Саудиска Арабија
Џихадистичката група Исламска држава презеде одговорност за денешниот напад врз шиитската џамија во источниот дел на Саудиска Арабија, при што загинаа 20 луѓе.
Во соопштението на ИД, објавено на исламистичките интернет-страници, се истакнува дека „војниците на халифатот во провинцијата Наџ (во Саудиска Арабија)“ се одговорни за нападот извршен од бомбаш-самоубиец, кој влегол во џамијата со експлозив.
ИД објави и видео-снимка од напаѓачот, кој се викал Абу Амер ал Наџи.
Оцени ја веста
22.05.2015 - 20:15
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа