Премиерот Груевски допатува во Ватикан - ќе оствари средба со Папата

Премиерот Груевски од денеска е во посета на Италија и Ватикан каде што допатува со комерцијален лет од  Цирих и има предвидено поголем број  активности и средба со папата Францис, а остатокот од делегацијата допатува вчера вечер со комерцијален лет во Скопје, oбјави телевизија Телма.

-Владиниот Лир Џет кој имаше технички проблеми е во Нирнберг каде се веќе пристигнати инспектори и пилоти од македонските институции и каде заедно со овластениот сервисер работат на утврдување на причините за дефектот и проверка на функционалноста на авионот, соопшти за Телма владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Лирџетот досега неколкупати имал технички проблеми. Пред седум години откажаа сензорите во авионот поради прекин на жица со која биле поврзани 18 системи на леталото.  Потоа неколку пати откажала електрониката. Еднаш и моторите на авиониот не стартуваа заради што не полета за Сочи на отворање на олимпијадата. Тогаш во авионот беше претседателот Ѓорге Иванов со сопругата, објави Телма.

 

 

Оцени ја веста

22.05.2015 - 14:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега