Грчките медиуми ја нападнаа Сириза поради Македонија

Комунистичката тенденција на Сириза, која го претставува најрадикалното, марксистичко крило на партијата, се најде на удар на грчките медиуми, затоа што нашата земја ја нарекува Македонија.

Имено, на својата интернет страница, каде што објавува вести за случувањата и протестите во Македонија, Комунистичката тенденција на Сириза го употребува нaшето уставно име.

„Скопјаните игледа си најдоа неочекуван сојузник за прашањето за името на соседната земја, и тоа токму во Комунистичката тенденција на Сириза“, пишуваат онлајн изданијата на некои грчки медиуми, додавајќи дека иако се работи за превод на текст, сепак „грешката со името требало да биде корегирана“.

Според нив, „прифаќањето на терминот ‘Македонија’ од страна на Комунистичката тенденција на Сириза создава хаос слика за состојбата што преовладува во владината партија. Особено што оваа компонента на Сириза, успеа да избере членови на Централниот комитет“.

Во меѓувреме, грчката владејачка партија Сириза, објави соопштение во врска со последните настани во Македонија, во кое ја изрази својата „цврста позиција за потреба од мир и стабилност во регионот“.

„Камен-темелник на стабилноста може да биде само мирно решавање на споровите, врз основа на демократски дијалог, далеку од опасна националистичка реторика, која државите во регионот ги врати во минатото. Освен тоа, патот на стабилноста и демократија е единствен видлив пат кон просперитет, економски раст и зајакнување на работничката класа во државите во регионот“, се вели во соопштението на Сириза.

 

 

Оцени ја веста

22.05.2015 - 11:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега