Авионот на премиерот Груевски едвај слетал - детали за дефектот

Владиниот авион со кој патуваше делегацијата предводена од премиерот Никола Груевски враќајќи се од Стразбур, денеска принудно слета во Цирих.

Како што изјави за МИА портпаролот на Владата Александар Ѓорѓиев, премиерот Груевски и сите други патници во авионот се добри, а надлежните служби треба да ги преземат сите дејствија за утврдување на фактите.

- Според првичните информации, можам да потврдам дека на враќањето од Стразбур се случил дефект во летот на владиниот авион во кој бил и премиерот Груевски со своите соработници по што авионот принудно слетал во Цирих, Според информациите кои ги имам, присутни во авионот велат дека се слушнал гласен и продорен звук, по што дошло до пореметување на внатрешниот притисок, а пилотот веднаш се обидел да ја намали висината за да се обиде да го намали притисокот и по протокол за вакви ситуации да го слета авинот на најблискиот аеродром, појасни владиниот портпарол Ѓорѓиев.

Во авионот, покрај премиерот Груевски, биле и шефот на неговиот кабинет Мартин Протогер, вицепремиерот Зоран Ставрески, членовите на екипажот и обезбедувањето.

Првичните сомнежи се дека станува збор за декомпресија на авионот во текот на летот, но истрагата дополнително ќе треба да утврди што точно се случило. Авиоексперти што ги консултира ТВ Сител велат дека најважно во настаната ситуација е што пилотот ја заджал присебноста и навреме ја намлил висината. Посочуваат дека при вакви случаи ризикот е многу голем. Поради тоа што станува збор за мал авион притисокот во пилотската кабина бргу опаѓа, а доколку не била намалена висината екипажот ќе загубел свест. Декомпресијата дополнително може да предизвика и експлозија. Според информации на Сител, дополнителен проблем при слетувањето предивикале и временските услови. Владиниот авион при спуштањето влегол во кумулонимбуси, облаци полни со мраз кои биле ниско поставени. Додека сетоа тоа се случувало во кабината имало проблем со притисокот на воздухот.

Владиниот авионот е стар 10 години. Во моментов воздухопловот е во Нирнберг каде што бил редовно оддржуван, а од службата за Општи и заеднички работи на Владата потврдуваат дека таму веќе заминале и членови на Агенцијата за воздухопловство. 

 

 

Оцени ја веста

21.05.2015 - 22:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа