Климовски: Пендаровски и Фрчкоски да му се извинат на народот за навредите

Навредите кон граѓаните искажани од страна на Стево Пендаровски и Љубомир Фрчковски наиода на осуда и од нивните колеги – униврзитетските професори. Професорот Сашо Климовски рече дека за ваквите навреди и двајцата тееба да се извинат на граѓаните.

- Во најмала мера се работи за недолични, непримерни изјави, особено изненадува фактот што тие изјави се дадени од универзитетски професори, за коишто важи етички кодекс, правила на политичка комуникација на ниво коешто понатаму се рефлектира на националното ниво во таа една политичка комуникација. Тие луѓе коишто ги даваат овие изјави треба да сфатат дека граѓаните се секогаш во право, дека власта и суверенитетот извира од страна на народот и дека народот во тој случај не треба да се навредува. Очигледно навредите се мотивирани од фактот што народот не им ја дава власта на нив двајцата, во двата циклуси на претседателски избори, и очигледно од таму произлегува тој мотив да се навредува народот, меѓутоа повторно ќе кажам треба да се сфати дека суверенитетот и валста секогаш извираат од граѓаните и најмалку што тие треба во овој момент да го сторат е што побрзо да се извинат на граѓаните. Стануваше збор за навреда на една огромна маса на луѓе, во чијашто структура имаше интелектуалци, имаше и администрација, пензионери, универзитетски професори, меѓу кои што бев и јас, истакна Климовски.

 

 

Оцени ја веста

21.05.2015 - 16:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега