Земјоделците со осуда за навредите на Пендаровски и Фрчкоски кон македонскиот народ

Остри осуди за навредите кон граѓаните од страна на Стево Пендаровски и Љубомир Фрчкоски беа упатени и од Федерацијата на фармери на Република Македонија. Претседателот на федерацијата Никола Стаменов, истакна дека најостро ги осудува навредите кон граѓаните од страна на двајцата поранешни кандидати на СДСМ за претседатели на Македонија кои изминативе денови удрија по македонскиот народот со својот говор на омраза.

- Јас како представник на нашите земјоделци и лично како граѓанин сум изненаден и нема коментар за ваквите работи што ги искажаа господата од СДСМ, тоа е нон сенс. Да ги споредиш нашите граѓани на Република Македонија без разлика дали се земјоделци, дали се од администрација или од било каде, кои присуствувале на собирот, а секој собир е демократски и секој има право да слушне, да види и да размислува каде да го даде својот глас, меѓутоа ти да ги споредуваш граѓаните со овци и со стока, тоа е нешто за нас непоимливо. А од друга страна од истите тие граѓани да бараш поддршка и утре да ти дадат глас за да дојдеш на власт -тоа е незамисливо. Уште полошо е што станува збор за двајца кандидати за претседатели на РМ, што значи Гопсод нека и е на помош на Македонија, ако некогаш во некое догледно време на историјата дојдат овие луѓе да ја водат Република Македонија, бидејќи се знае каде ќе ја одведат - во ќорсокак, истакна претседателот на Федерацијата на фармери, Стаменов.

Од друга страна како граѓанин, Стаменов посочи дека е срамота што вакви луѓе интелектуално ги усовршуваат, нашите деца и внуци.

- Целосна осуда на ваквиот чин на навреда кон граѓаните од мене како Никола Стаменов и од нашите земјоделци, кои се наши членови и наши поборници. Секој знае да распознае што е добро, што е лошо и што е прифатливо за евроспкиот тренд на живеење на Р.Македонија, бидејќи сите се стремиме кон Европа, а со овие работи, со ова понижување на нашиот граѓанин ние не одиме кон Европа, туку се отдалечуваме со километри и километри од Европа и од тоа што значи европско живеење на нашите граѓани. Но, секој нека си ја понесе својата одговорност за кажаното, а нашиот граѓанин знае што е добро за него, кој го води на правиот пат за европски и економски развој, а кој го води во ќорсокак. Во едносмерна улица не се патува, додаде тој.

Инаку, Стево Пендаровски пред некој ден од пред Владата на РМ изјави дека „Таму се собрани во бачило“ мислејќи на над 90 илјади народ кој се собра пред Собранието на големиот народен собир на кој се обрати премиерот Никола Груевски. Со ова кажа Пендаровски дека всушност народот кој се насобрал од цела државата под мотото Македонија силна, се овци.

На ваквите навреди се надоврза и Фрчковски кој го емисијата „Топ тема“ на Телма телевизија иронично и со потсмев кажа “ова ли е елитата” мислејќи на огромната бројка на луѓе кои се насобра пред Собранието. Поради таквото дрско потценување мораше да реагира водителот и новинар Чомовски кој кажа дека тоа е навреда.

 

 

Оцени ја веста

21.05.2015 - 13:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега