Општина Валандово ангажира невработени лица за помош на изнемоштени во домашни услови

Општина Валандово ангажира четири невработени лица кои ќе даваат помош и нега во домашни улови на стари и изнемоштени лица на територијата на општината.

За таа цел ќе бидат вработени една медицинска сестра, лице за вршење основни работи во домот за стари лица ,еден хигиеничар и социјален работник или друг адекватен профил.

Општина Валандово врз основа на Договорот за соработка со УНДП и оперативниот план за активни програми и мерки за вработување во 2015 година објави јавен оглас за ангажирање на четири невработени лица кои ќе се вклучат во програмата „Општинко корисна работа“.

Избраните кандидати работно ќе бидат ангажирани шест месеци со 20 работни часови неделно и за време на работниот ангажман статусот на невработено лице останува непроменет, а лицето доколку е корисник на социјална парична помош го задржува правото на нејзино користење.

Лицата работно ќе бидат ангажирни за давање помош и нега во домашни улови на стари и изнемоштени лица на територијата на општина Валандово, поради што ќе бидат вработени една медицинска сестра,лице за вршење основни работи во домот за стари лица,еден хигиеничар и социјален работник или друг адекватен профил.

Вработените лица секој месец ќе добиваат паричен надоместок од 6.200 денари и осигурување во случај на повреда при работа.

 

 

Оцени ја веста

21.05.2015 - 13:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега