Котески на Конференција на воениот комитет на НАТО

Началникот на ГШ на АРМ  генерал-потполковник Горанчо Котески, денес учествува на Конференцијата на Воениот комитет (ВК) на НАТО во формат на началници на генералштабови, која се одржува во командата на НАТО во Брисел.  

На првиот дел од конференцијата армиските лидери на земјите членки на НАТО и ПзМ, ќе се запознаат со учеството на партнерските армии на НАТО вежби, со цел за развој и одржување на нивната интероперабилност.

Главна тема на конференцијата е проценка за прогресот на мисијата ,,Одлучна поддршка“ во Авганистан, со осврт кон подобрување на поддршката на мисијата искажана во иницијативата за ,,засилено партнерство“. Началниците на ГШ на армиите членки на Алијансата и контрибуторите во мисијата КФОР, во преостанатиот дел од конференцијата, ќе бидат запознаени и со политичката и воената состојба на Косово, вклучувајќи ги и Косовските безбедносни сили.

Во рамките на Конференцијата, денес е предвидено генералот Котески да положи венец со свежо цвеќе на споменикот пред командата на НАТО во Брисел, а се очекува тој да оствари и повеќе средби на маргините на Конференцијата.

 

 

Оцени ја веста

20.05.2015 - 10:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега