Тркалезна маса за културното наследство на Македонија

Здружението „Аминта“ денеска ќе организира тркалезна маса на тема „Културното наследство и природно богатство на Република Македонија“, на која е најавено учество на стручни лица и професори од оваа област.

- Република Македонија е една од ретките земји на Балканот и во светот која изобилува со културно наследство. Тоа се повеќе е предмет на истражување од различен аспект на историјата, културата, политиката и други научни гранки. Но, за жал, во исто време е предмет и на континуирано уништување, зачестено исчезнување на артефакти, несоодветна грижа... Со оваа тркалезна маса сакаме да придонесеме културното наследство да добие статус на почитуван дел  од целокупната култура на Република Македонија, соопшти Здружението „Аминта“.

 

 

Оцени ја веста

20.05.2015 - 09:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега