Даниел Кајмакоси: Дадовме се од себе на сцената
Македонскиот евровизиски претставник Даниел Кајмакоски вечерва настапи со “Autumn Leaves” во првото полуфинале на 60-то издание на Евровизискиот фестивал, но Македонија не се пласираше меѓу десетте финалисти. Првата полуфинална вечер се одржа пред 10 000 публика во салата Штадтхале во Виена, а телевизискиот пренос го следеа над 130 милиони гледачи во светот. Од 16 полуфиналисти, 10 држави изборија пласман во финалето: Русија, Естонија, Грција, Белгија, Грузија, Албанија, Србија, Романија, Унгарија, Ерменија. Вчера веќе гласаа членовите на националните жирија, а вечерва гласаа телевизиските гледачи, со што се комплетираа конечните поени од секоја земја учесничка.
Даниел изјави: „ Дадовме се од себе на сцената и верувам дека емоцијата на “Autumn Leaves” допре до публиката. Многу ми значеше и поддршката на “Merj“ во изведбата. Им благодарам на сите фанови во Европа кои гласаа за нас. Учеството на Евровизија е едно големо искуство за мене, секоја чест за организацијата на фестивалот и се надевам дека најдобрата песна ќе победи. “
Второто полуфинале ќе се одржи во четврток, а финалната вечер на „Песна на Евровизија“ во сабота, 23. мај.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа