ВИДЕО: Попладнево силно невреме во Демир Хисар

Силно невреме проследено со врнежи од град со големина на лешник, попладнево го зафати Демирхисарскиот регион.

Жителите се жалат на поплавени подруми и оштетени земјоделски насади, како и пластеници со земјоделски производи кои не се осигурани.

Од Општина Демир Хисар за ТВ Орбис велат дека и во моментов продолжуваат силните врнежи од дожд и не може да се излезе на терен за проценка на штетите. Тие информираат дека на терен се излезени службите на ЈКП „Комуналец“ и противпожарните екипи кои се обидуваат со различна механизација да му помогнат на населението.

Подрачјето на Демир Хисар денес било најпогодено од невремето со интензивен пороен дожд, засилен ветер, чести грмежи и град, од УХРМ најавуваат нестабилно време до крајот на оваа недела.

Во одделни подрачја имаше појава на град, како што се Преспанскиот регион, Демирхисарскиот како и во делови од Пелагониската котлина. Во доцните попладневни часови нестабилно беше и во северо-источните делови од земјата, но во моментов нестабилноста речиси насекаде е престаната, односно таа веќе ја напушта земјава и се преместува кон Србија. Во Пелагонискиот регион, утре условите за појава на нестабилност се помали. Се очекува суво време со температура од 27 до 28 степени. Нов влажен бран се очекува во петок, кога во попладневните часови повторно ќе биде нестабилно и облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во сабота во претпладневните часови ќе биде сеуште ветровите и ќе има услови за повремен дожд и тоа со послаб интензитет – изјави Ивана Петровиќ од УХРМ.

Според кажувања на жителите од Демирхисарско досега не е запаметено невреме од вакви размери.

 

 

Оцени ја веста

19.05.2015 - 22:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега