ФОТО: Бесими му одговори на Милошоски на Фејсбук
Вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими одлучи преку Фејсбук да му одговори на пратеникот Антонио Милошоски кој вчера преку телевизијата 24вести побара од него да си поднесе оставка.
-Процесот на зачленување на Република Македонија во евроатлантските организации е стратешки интерес на државата која ја има подршката од мнозинството граѓани на Република Македонија, напиша Бесими на Фејсбук профилот.
Ние, сите заедно како општество мора да изградиме волја и да вложиме напори за целосно да ја интегрираме нашата држава во ЕУ и НАТО.
Ние имаме обврска на сите области значајни за овој процес да покажеме напредок, и за тоа институциите и партиите (без разлика дали се владини или опозициски) треба да преземеме одговорност и сопственост над процесот и потребните реформи.
Во таа смисла, прашањето за името е исклучително важно, и на него мора да покажеме посветеност и напредок. Наша обврска е паралелно, напорно да работиме и на сите останати потребни реформи и да ги спроведеме што побрзо и поквалитетно, за пристапниот период да го скратиме што е можно повеќе.
На крајот, по овие прашања не смееме да си дозволиме да се однесуваме пасивно, емотивно, или дневно политички, зашто тие претставуваат стратешки приоритет на сите граѓани на Република Македонија, вели Бесими на својот Фејсбук профил.