Пораката која вчера ја испрати македонскиот народ како бомба одекна во светот

Митингот организиран од владејачката „Коалиција за подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ е најголемиот собир кој се одржал во историјата на Македонија. Над 90 илјади граѓани од цела Македонија излегоа на улиците во Скопје, од кои половина од внатрешноста и половина од главниот град. Постарите коментираат дека толку многу народ немало ни Тито кога доаѓал во Скопје.

Граѓаните од внатрешноста пристигнуваа со автобуси, минибуси, возови и автомобили. Превозните средства беа претесни да ги соберат сите граѓани од внатрешноста кои сакаа да присуствуваат на собирот. Значителен број на граѓаните од градовите од внатрешноста кои сакаа да присуствуваат на собирот останаа во своите градови затоа што немаше место.

Реки народ се слеаја во главниот град. Скопјани на висина на патриотската должност, од Ѓорче и Карпош кон Центар, од Аеродром кон Собрание, од Кисела Вода кон ЗОИЛ, од Бутел, Чаир, Гази Баба преку МНТ кон Собранието, скопјани маршираа за Македонија, за силна Македонија, пишува Курир.

Грандиозна и величествена атмосфера

Преполн булевар 11-ти Октомври од Порта Македонија до Зоил. Преполн Жена парк и ГТЦ. Народ имаше и на споредните улици кои водат од Градска болница кон Соравија и од Собрание кон катните гаражи, а преполно беше и зад бината на потегот од Порта Македонија до Рекорд.

Патриотизам изразен од слободољубив и самосвесен народ кој си ја сака својата земја. Патриоти, работници, земјоделци, средна класа, семејства, атмосферата беше позитивна и израз на суверен дух.

Пораката на народот е ова е Македонија, ние овде живееме и ние одлучуваме како ќе живееме, а не странски интереси. Не може странците повеќе да ја сакаат Македонија од нас, ние најдобро знаеме и ние одлучуваме.

-Ова  е Македонија. Овој народ, е најдобриот одговор на сите оние сценаристи, кои цврсто веруваа дека дека ќе не скршат,  дека ќе ни ги исперат мозоците, дека ќе не прелажат со креирани, сечени и лепени снимки, со лажни воведи и наративи, дека ќе не исплашат со терористички банди, дека ќе потклекнеме, дека ќе се предадеме. Но, вечерва го добиваат одговорот, Македонија не се предава, Македонија е силна Му беа кажале, а овој наивно поверувал и говореше јавно, дека за три дена ќе сме заминале со наведнати глави, потоа видоа дека силно се излажале, па објавија дека за 30 до 45 дена ќе ја завршеле целата работа, еве не денес три и пол месеци подоцна, тројно побројни одколку тие вчера, сплотени како никогаш досега,  цврсти како  челик, одлучни и решителни до бескрај, им порачуваме: нема повлекување, нема потклекнување, нема предавање, Македонија е силна, Македонија е одлучна, Македонија пак победува. Ние победуваме. И нема да дозволиме нашиот народ до таа мера да се закрви, да меѓусебе се пресметува, порача Груевски пред 90.000 граѓани.

Испратена јасна порака до Заев, СОРОС и нивните налогодавачи

Огромното мнозинство народ испрати порака до Заев, до СОРОС и до нивните налогодавачи од странство дека е готово, нивното сценарио нема да помине, Македонија ќе продолжи да чекори напред.

Десетиците новинари од цел регион и пошироко беа фрапирани од бројноста. На нивните лица се читаше почит кон огромната бројност на Македонците кои дојдоа да дадат подршка за Груевски и својата земја.

Наслови за најголемиот митинг во историјата на Македонија со над 90 000 граѓани ги преплавија српските, хрватските, босанските, бугарските, словенечките медиуми, и останатите медиуми од светот, од Европа, од Русија, од Турција. Ваквата бројност не можеше да се скрие ниту да се спинува.

И соросовите медиуми како што е српски „Блиц“ потклекнаа и признаа дека 90 000 граѓани го подржаа Груевски за скоро пет пати повеќе отколку што собра Заев само еден ден претходно.

Оваа порака на Македонците е печат за патриотизмот и силна порака кон сите оние кои замислувале мрачни сценарија за нашата татковина. Ова е бомба која одекна во светот, ги распрсна мрачните сценарија и и’ обезбеди на Македонија пат нанапред.

 

 

Оцени ја веста

19.05.2015 - 14:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа