Црковен храм ќе никне во центарот на Валандово

Валандовчани по цели 185 години повторно ќе добијат црковен храм во центарот на градот, каде што денеска беа поставени темелите на црквата „Пресвета Богородица“.

Верниците денеска се собраа под вековните јавори да се поклонат пред осветувањето на темелите со надеж дека во најскоро време повторно ќе имаат верски објект.

Градоначалникот на Валандово,Николче Чурлиновски рече дека е горд што на идните поколенија ќе им се направи храм во кој во догледно време ќе се обавуваат свечените верски обреди.

Светиот храм посветен на божјата мајка ќе се гради на површина од 250 метри квадратни и ќе може да прими околу 500 верници. 

 

 

Оцени ја веста

19.05.2015 - 12:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега