Какво ќе биде времето до крајот на неделава?

Времето во Македонија утре ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и топло. Попладне во западните, северозападните и северните предели ќе има нестабилно време со локални врнежи од дожд и грмотевици.

Утринските температури ќе се движат од 11 до 16 степени, а максималните дневни ќе бидат од 19 до 30.

Во Скопје и неговата околина, утре претпладне времето ќе биде претежно сончево, а попладне ќе има појава на локален дожд. Утринската ќе се спушти до 15, а дневната ќе изнесува 28 степени.

Во среда условите за нестабилност ќе бидат помали, во четврток ќе има преодно стабилизирање на времето, а во петок повторно ќе биде нестабилно со дожд и грмежи.

 

 

Оцени ја веста

19.05.2015 - 12:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега