Ставрески: Вечерашниот митинг ќе биде најмасовен во овие 25 години на независна Македонија

Македонија вечерва е на нозе, реки од народ од сите населени места, од сите села и градови од Македонија се слеваат кон Скопје и очекуваме овој вечерашен митинг којшто ќе биде најмасовен  во овие 25 години на независна Македонија, да испрати силни пораки на сплотеност и единство на граѓаните, на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, за мир и стабилност во Македонија.

 

Ова во ветите на Сител телевизија пред почетокот на вечерашниот  голем нарден собир го потенцираше министерот за финансии и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Ставрески.

 

-Ќе испратиме пораки дека никој не смее да ја негира изборната волја на граѓаните, ниту да не го почитува гласот што тие го дале за тоа кој да ја води државата и кој д аги реализира проектите. Пораки дека мора да останеме на патот на просперитетна Македонија којашто ќе носи нови работни места за граѓаните и подобар живот, отварање на фабрики, пораки коишто значат повеќе училишта, повеќе болници, нови патишта, сето она што треба да го подобри животот на граѓаните. Нема да потклекнеме ниту да дозволиме никому да внесе хаос во државата, да ја дестабилизира или со црни сценарија да не вовлече во неговите игри, истакна Ставрески.

Тој додаде дека секој треба да знае дека народот одлучува кој ќе ја води државата. Нагалси дека граѓаните вечерва ќе покажат зошто дале мандат на ВМРО-ДПМНЕ со една силна сплотеност, каде сите заедно и работници и земјоделци, и доктори и спортисти и музичари, ќе застанат зад проектите што ги реализира ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“.

Протестот, нагласи Ставрески, ќе биде мирен и демократски, и дека ќе настојуваат протестот да се одвива во најдобар ред и најмирен начин.

 

- Меѓутоа, пораката којашто ќе ја испратиме ќе биде исклучително силна и ќе одекне низ цела Македонија, а таа порака е Македонија ќе има мир, стабилност, и безбедност. Македонија ќе биде економски цилна држава и Македонија ќе има добар просперитет, а граѓаните на РМ ќе живеат подобро, порача Ставрески.

 

 

Оцени ја веста

18.05.2015 - 19:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа