И Тимур Дибиров со поддршка за народниот собир: Нема помирно место од Македонија

И едно од најдобрите светски ракометни крила, играчот на Вардар Тимур Дибиров даде поддршка за вечерашниот голем народен собир.

 

-Сакам да ја кажам својата позиција како неутрален човек, како спортист. Јас сум срекен со условите во Македонија во спортот. Инфраструктура во спортот е една од најдобрите во Европа. Гордост е да се биде дел од Вардар, дел од македонски клуб. Тоа што се случува лошо за државно уредување, лошо за странски инвестиции. Јас имам многу добри пријатели во Македонија. Македонија е земја на добри луге. Денес ме контактираат сите роднини и пријатели загрижени за мене и моето семејство како и за состојбата во Македонија. Јас на тоа одговарам тука се е мирно и ние не смееме да дозволиме да се плашат луѓе да доаѓаат во Македонија. Јас секаде кажувам, нема помирно место од Македонија, вели Дибиров.

 

 

Оцени ја веста

18.05.2015 - 17:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега