Автобус полн со патници излета од патот Битола- Кичево

Сообраќајна несреќа се случила околу 16 часот на магистралниот пат Битола- Кичево пред селото Лопатица. Според првичните неофицијални информации до кои дојде Телевизија Орбис, се работи за автобус кој сообраќајќи на својата редовна линија од Битола за Кичево кај селото Лопатица поради откажување на воланот изгубил контрола и излетал од патот.

 

ФОТО: Архива

 

Според неофицијалните информации потешко повреден е возачот, а патниците се здобиле со полесни повредни и скршеници.

Полицијата во моментов врши увид на местото на несреќата.

 

Од СВР – Битола за ТВ Орбис ја потврдија информацијата за сообраќајната несреќа.

 

 

Оцени ја веста

18.05.2015 - 17:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа