Средба Трајановски-Оер: Македонските плажи се направени по примерот на француските (ФОТО)
Денеска, градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, во Кабинетот, оствари протоколарна средба со амбасадорката на Република Франција во Република Македонија, Н.Е. Лоренс Оер.
- До сега со Француската амбасада и Францускиот културен центар во Скопје имаме навистина одлична соработка во областа на културата, спортот и образованието, но постои можност за соработка со оваа наша пријателска земја и во областа на сообраќајот, економската соработка и другите проекти коишто ни се од особена важност. Имаме одлична соработка со Град Дижон и Град Рубе и сакаме оваа соработка да се продлабочи во иднина, истакна градоначалникот Трајановски.
- Постои реална мошност на Скопје да му бидат доделени парични средства од Франција за подготовка на студии за други проекти, бидејќи во нашата земја постојат специјални фондови за таа намена. Постои расположение кај Министерството за финансии на Франција за инвестиции во нови проекти во областа на градежништвото, рече Н.Е. Лоренс Оер
Градоначалникот Трајановски додаде дека плажите во Скопје се направени по примерот на париските плажи изработени според идејата на Бернард Валеро.