Столтенберг: Важно е да се избегне насилство во Македонија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, пред почетокот на денешниот состанок во Советот на Европската унија со министрите за одбрана на змејите-членки на Унијата, уште еднаш ја коментираше ситуацијата во Македонија, порачувајќи дека е најважно да се избегне ескалација на кризата и конфликтот во нашата земја.
 
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Столтенберг, кој во својата изјава четирипати ја нарече нашата земја со нејзиното уставно име Македонија, избегнувајќи да ја употреби долгата референца, исто така, напомена дека треба да се избегнува насилство при протестите кои се случуваат во Скопје.
           
- Ние го следиме одблиску развојот на настаните во Македонија, а имаме и канцеларија за врски на НАТО во Скопје. Македонија е земја аспирант за членство во НАТО и затоа имаме блиска соработка со Македонија. Јас силно верувам дека мирните протести се дел од демократското оптшество, но најважно е да се избегне повеќе насилство и треба да се осигура дека демократските институции се развиени и дека владеењето на правото е имплементирано целосно и дека ќе избегнеме ескалација на кризата и конфликтот во Македонија, истакна Столтенберг.
 
Оваа нова порака од генералниот секретар на најголемата воено-политичка организација на светот доаѓа една недела по неговиот јасен став по терористичкиот напад во Куманово, каде ја пофали реакцијата на македонската полиција и посочи дека истата успешно се справила со ситуацијата и покажала дека може да се носи со такви предизвици.
 

 

Оцени ја веста

18.05.2015 - 12:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа