ДПСМ со поддршка за вечарашниот масовен народен собир
Демократската партија на Србите во Македонија (ДПСМ) ќе го поддрши големиот народен собир што под мотото „Македонија силна“ што ќе се одржи вечерва пред Собранието на Република Македонија, во организација на ВМРО-ДПМНЕ и партиите од владеачката коалиција “За подобра Македонија“.
- После само една година од убедливата победа на редовните парламентарни избори на коалицијата „За подобра Македонија“ се реализира сценарио за дестабилизација на Република Маскедонија кое се зканува да го загрози не само мирот и стабилноста туку и економската сигурност на граѓаните. Од тие, но и од многу други причини ДПСМ ги поканува сите свои членови и симпатизери да се приклучат на големиот народен собир во Скопје, каде јасно ќе соопштиме дека се спротивставуваме на сите црни сценарија за политичка дестабилизација и економско назадување, се вели во соопштението од партијата во кое се повикува членството да ги понесе и нивните национални обележја.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа