СДУ: Денешниот собир ќе биде мирен, достоинствен и плод на разумот на секој граѓанин

Социјалдемократската унија ги повикува своите членови и симпатизери, а вооедно ги повикува и сите граѓани на Република Македонија, мирно и достоинствено, да излезат денеска во 20 часот и да дадат поддршка на силна и стабилна Македонија.

Во овие историски моменти, сите без разлика на политичка, етничка, верска или национална припадност, да се обединиме и да дадеме поддршка на стабилна Македонија, се вели во соопштeнието од партијата.

Митингот ќе се одржи денеска, понеделник во Скопје.

Овој митинг ќе биде мирен, достоинствен и плод на разумот на секој наш граѓанин, додаваат од СДУ.

 

 

Оцени ја веста

18.05.2015 - 11:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега