Превозниците тврдат: Никој не ни врши притисок за превоз на денешниот протест

Никој не врши притисоци врз превозниците кои денеска треба да ги донесат симпатизерите на СДСМ на митинг во Скопје. Околу 900 охриѓани од СДСМ денеска со автобуси и приватни автомобили ќе патуваат за Скопје на митингот кој го организира партијата, пишува порталот ohrid1.com.

Според информациите на ohrid1.com добиени од самата партија, превозот бил организиран и него ќе го изврши приватната транспортна фирма ПУПЕ КОМПАНИ од Охрид која е блиска до СДСМ.

-Од извори во партијата, ( а што ни потврдија и официјално од самата приватна фирма ) дознаваме дека никој до сега врз фирмата не извршил никаков притисок, а од менаџментот на фирмата ( чиј сопственик е во роднински врски во Бранко Црвенкоски ) велат дека немале никакви проблеми и никој како што велат не ги ”чепнал”, пишува ohrid1.com.

– Нема никакви проблеми. Нас никој не ни направи проблем, не не ”чепна” ни полиција, ни некој како што се ширеа муабети инспекции или не знам кој и какви групи. Со години ние возиме за СДСМ, партијата си плаќат и услуга даваме, а никој ни за овој митинг ни за други митинзи порано не ни направил проблем. Не ми е јасно кој се овие кои излегуваат по медиуми со вакви глупави тврдења дека некој не притискал. Ево јавно кажувам, јас ги возам сите на митинг од Охрид до Скопје и повторувам јасно и гласно : Немам никаков проблем и никој не ми вршел никаков притисок ! – изјави за Охрид1 Јован Мирчески – Пупе, сопственик на ПУПЕ КОМПАНИ.

Тој вели дека него му одговара да има митинзи, бидејќи така се отворала работа за фирмите и од еден митинг се обезбедувале средства за плати за вработените.

 

 

Оцени ја веста

18.05.2015 - 11:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега