Колку ќе чини роамингот од 1 јули?

Македонските граѓани кои летово ќе патуваат во земјите од соседството, односно Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, за една минута разговор со домашните ќе платат 17, 9 денари. Спогодбата која Македонија ја потпиша со овие три земји ќе значи поевтини разговори во роаминг за 73 отсто, цената на мобилниот интерент во роаминг ќе се намали за скоро 90 отсто , еден мегабајт ќе чини 43 денари.

Се спушта и цената на СМС пораките кон овие земји од 12,3 денари на 5, 6 денари за порака. Новите цени важат од  30 јуни.

Се подготвува и нов правилник со кои треба да се утврди минимумот на квалитет кои треба да го испоралуваат мобилните оператори. Пред извесно време од АЕК соопштија дека  тие се незадоволни од квалитетот на мрежата кои тие  им го нудат на граѓаните. Новиот правилник е на јавна расправа и ако се биде во ред се очекува најдоцна од први јули да почне да се применува, а операторите кои нема да  го почтуваат АЕК до нив ќе поднесе прекршочни пријави.

Во последниве шет години разговорите во мобилната телефонија поевтиниле за 67 отсто.  А цените во роаминг предвидено е да продолжат да паѓаат и во наредните две години.

 

 

Оцени ја веста

18.05.2015 - 11:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега