Заев потврди, СДСМ има тимови за насилство (ВИДЕО)

Претседателот на СДСМ Зоран Заев во денешното интервју за НоваТВ потврдува дека најголемата опозициска партија има тимови за насилство на протестот кој утре треба да се одржи пред Владата на Република Македонија.

Заев во интервјуто вели дека имале огромен број од 2.000 млади луѓе нивни членови кои биле борци и кои тренирале карате и кик- бокс

-Ќе имаме некаде повеќе од 2.000 луѓе млади, огромен дел од нив тоа се борци луѓе, значи кои тренираат карате, кои тренираат кик бокс од нашите членови, рече Заев во интервјуто.

Со овие зборови, Заев потврди дека СДСМ има тимови за насилство, нешто за кое медиумите пишуваат веќе подолг период и предупредуваа за насилни демонстрации.  Заев наместо со проекти и предлози се фали со 2.000 млади лица кои вежбале карате и кик бокс, како што вели самиот.

Повикувајќи се на партиски извори дел од медиумите веќе пишуваа дека тимовите на СДСМ со најсилните членови се веќе спремни, составени од луѓе со кривични дела, кражби, насилства, вооружени грабежи и учества во тепачки.

Нивната задача, како што се пишуваше е да предизвикуваат насилство врз полицијата и државните институции, но и кршења на излози, палења на автомобили по украинското сценарио.

Исто така, во јавноста е познато и дека мобилизирани се и навивачките групи блиски до СДСМ, а на помош се повикани и луѓе од странство дебело платени од соросовата фондација со огромно искуство за правење на насилни протести и создавање на хаос.

Се говори и дека одредени структури на СДСМ набавиле и огнено оружје кое не се исклучува да биде употребено утре. 

 

 

Оцени ја веста

17.05.2015 - 10:21
Фото: 
17.05.2015 - 10:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега