Сообраќајот во Куманово се одвива непречено

Сообраќајот по улицата „11 Октомври“ во Куманово се одвива тековно, полициските блокади се отстранети, така што и автомобилите се движат непречен

Во текот на вчерашниот ден полициските автомобили беа отстранети, но за време на доцните попладневни часови повторно беа поставени.

Сопствениците на трговските објекти во овој дел од градот велат дека токму полициското присуство во овој дел од центарот на градот ја зголемува безбедност. На оваа локација сместени се повеќе државни и општински институции и установи.

Полициските блокади беа поставени, ноќта помеѓу 14 и 15 мај.

 

 

Оцени ја веста

17.05.2015 - 10:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега