Обдукцијата заврши: Убиени лидерите на терористите - командант НАТО и Бегу

По завршената обдукција на телата на починатите терористи, МВР преку одделот за меѓународна полициска соработка – Интерпол ја започна процедурата за утврдување на нивниот идентитет и досега е потврден идентитетот на две од лицата кои се странски државјани.

Ова денес го изјави помошник министерот за односи со јавност во МВР, Иво Котевски.

-Станува збор на Мирсад Ндрецај роден 17.6.1979 во Косово познат како командант НАТО, лице за кое се сомневавме дека е еден од лидерите на терористичката група. Второто лице за кое е добиена потврда за идентитетот е Бег Ризај, познат како командант Бегу роден 25.12.1977 во Косово. Исто така станува збор за еден од лидерите на оваа терористичка група, изјави Котевски.

Тој додаде дека потврден е идентитетот на трето лице, се работи за Нусрет Каљоши кој е македонски државјанин.

Котевски посочува дека преку Интерпол е добиена потврда за идентитетот на едно од приведените лице. Се работи за Саши Укшини алијас командант Соколи. Во тек е процедура на идентификување на останатите лица за кои постојат сомнение дека не се македонски државјани.

 

 

Оцени ја веста

13.05.2015 - 13:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега