Над 6.000 струмичани за поддршка на полицијата

Граѓаните на Струмица излегоа масовно да и дадат поддршка на полицијата на организираниот народен собир. Струмичани вчера масовно се заблагодарија на безбедносните сили за нивниот патриотизам, за нивната професионалност и непоколебливост во одбрана на нашата држава, на нашите животи и нашиот мир и соживот.

strumica-1

Покрај во Струмица, собири за поддршка на полицијата се одржваа уште во 23 градови. Собирите започнаа во 19 часот на плоштадите во Велес, Кавадарци, Неготино, Гевгелија, Валандово, Струмица, Берово, Пехчево, Делчево, Кочани, Македонска Каменица, Виница, Штип, Пробиштип, Свети Николе, Кратово, Крива Паланка, Кичево, Охрид, Битола, Прилеп, Ресен, и во Скопје на три локации - во Општина Кисела Вода (месност кај Злате, Општина Гази Баба (плоштад Филип Втори) и Општина Ѓорче Петров (плоштад Делфина-Порта Влае).

 

 

Оцени ја веста

13.05.2015 - 13:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа