Кампањата за насилниот митинг на СДСМ за 17-ти е платена од СОРОС

Не само логистички, туку и финансиски, СОРОС стои зад сценариото на СДСМ за насилниот протест на 17-ти мај.

Имено, на медиумите платени од СОРОС речиси во исто време се појавија со платени банери кои се брендирани како „Граѓаните за Македонија“ и со кој се повикува на протестот на СДСМ на 17-ти.

Веб страницата gragjanite.mk е регистирана од Фондацијата Метаморфозис која е ќерка организација на СОРОС Македонија на Владе Милин. Кампањата чини вртоглаво многу особено ако се земе во предвид дека закупени се најатрактивните банер позиции- во игра се десетици илјади евра дневно, пишува Курир.

Од друга страна ова е уште еден пример како СОРОС се става во потполно располагање на политиките на СДСМ.

СОРОС практично го плаќа насилниот протест на СДСМ. Чадорот на невладини организации првично го спомена Бранко Црвенковски, а го спроведува СДСМ и Заев.

Во граѓаните за Македонија практично членуваат сите клон организации на СДСМ и СОРОС меѓу кој се МЦЕО чиј долгогодишен претседател беше Лидија Димова, Транспарентост Македонија на Сашо Ордановски, организацијата чиј меѓународен основач одамна не постои Хелсиншки комитет во чиј управен одбор се Фрчковски и Борјан Јовановски, СОРОС-овиот Центар за развој на медиуми и многу други инстант организации.

 

 

Оцени ја веста

13.05.2015 - 12:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега