ФОТО: Прилепчани изразија поддршка и благодарност до македонската полиција

Здруженијата „Прилепски бранители“ и „Карпалак“, вработени во институциите од Прилеп, Крушево, Македонски Брод и околните општини вечерва во центарот на Прилеп одржаа „Мирен марш за поддршка на македонската полиција“.

Маршот почна од пред споменикот „Прилепски бранители“ кај хотелот „Липа“ на булеварот „Гоце Делчев“, а се движеше до споменикот „Карпалак“ во центарот на Прилеп.

Според Гоце Стефаноски, претседател на здружението „Прилепски бранители“ Прилеп и прилепчани најдобро знаат што е болка уште од конфликтот 2001.

- Прилепчани уште ги немаат преболено десетте загинати на карпалак. Ги немаат преболено 75-те загинати во 2001 година и знаат најдобро како болат овие осум жртви на полициските сили во Куманово. Овде сме собрани интелектуалците, членовите на сите здруженија, граѓаните за да ја дадеме нашата поддршка за полициските сили и успешно планираната работа и што не дозволија да се прошири тој конфликт на целата територија и да има многу повеќе жртви, изјави Стефаноски.

Прилепскиот градоначалник и учесник во настаните на Карпалак 2001 година Марјан Ристески рече дека дава максимална поддршка на Министерството за внатрешни работи и на безбедносните сили, кои се справија со една од најголемите терористички групи на Балканот.

- Цела Македонија е со нашите бранители. Во овие моменти треба да ги сочуваме соживотот и мирот во нашата држава, без оглед на националната, верската, политичкаа или каква да е припадност. Изразувам сочувство до семејствата на загинатите бранители. Прилеп и прилепчани секогаш ќе бидат на браникот на татковината, изјави Ристески. 

ФОТО: 10 без 10 

 

 

Оцени ја веста

12.05.2015 - 20:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа