ФОТО од Арената „Филип Втори“: Во сеќавање за македонските херои- 09.05.2015

Во сеќавање за македонските херои- 09.05.2015. Ова денеска беше истакнато на видео бим во Националната Арена „ Филип Втори Македонски“, во чест на хероите кои ги дадоа своите животи за да ја спасат Македонија од вооружени терористи.

Сашо Самојловски, Бобан Ивановиќ, Горан Илиевски, Исамедин Османи, Љубиша Аранѓеловиќ, Горан Стојменовиќ, Жарко Кузмановски и Ненад Серафимовски се имињата на бранителите кои храбро загинаа во Куманово.

Инаку, еден од загинатите херои, Ненад Серафимовски, роден 1987-ма година во Гостивар, беше поранешен фудбалер и во својата фудбалска кариера настапуваше за тимовите на Вардар, Работнички, Турново, ФК Скопје и Милано Куманово, каде нанижа повеќе од 60 официјални натпревари, на кои постигна 3 голови, два во дресот на Вардар.

Фудбалската кариера ја заврши во Милано од Куманово, по што се одлучи професионално да се активира како припадник на македонскиот безбедносен систем.

ФОТО: Курир

 

 

Оцени ја веста

12.05.2015 - 18:48
Фото: 
Курир

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега