Доктор Николов 34 часа се борел за животот на ранетите полицајци
Трауматологот д-р Љупчо Николов 34 часа бил на работното место во хируршките клиники. Во саботата и неделата целосно бил ангажиран во спасување и санирање на последиците на повредените припадници на безбедносните сили.
Доктор Николов за zdravstvo24.mk вели дека не ги броеле ранетите што ги носат. Сите биле посветени и давале се од себе за да им помогнат на полицајците. Никој не се пожалил на умор. За кратко време била направена комплетна мобилизација и организација од хирурзи до помошен медицински персонал.
-Имавме на располагање по најмалку двајца специјалисти од оддел, односно 20 беа постојано таму и бевме 24 часа да ги примиме сите повредени.. Беа ослободени хируршките сали и во исто време се работеше во пет сали. Се беше организирано. Имавме постојана комуникација со кумановската болница каде се правеше тријажа и тоа многу ни помагаше, изјави за zdravstvo24.mk д-р Љупчо Николов од Клиника за трауматологија.
Доктор Николов вели дека имале постојана комуникација со министерството за здравство, МВР и кумановската болница каде се правела тријажа на повредените. Со тоа предвреме знаеле каков повреден ќе биде донесен на хируршките клиники.
-Тоа многу значи и ни помага на нас лекарите со тоа што знаеме каков е повредениот веднаш да се пристапи кон негов медицински третман, додава д-р Николов.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа