Борисов го советува Груевски да ја порази опозицијата по негов рецепт

Бугарскиот премиер Бојко Борисов во изјава која вчера ја пренесе бугарскиот весник 24 часа го советува премиерот Никола Груевски како да ја порази опозицијата по негов начин и рецепт.

 Јас сум дал пример како го прави тоа еден премиер ако има недоверба поради една или друга причина. Потоа народот ќе ја врати довербата – изјавил Борисов, кој во првиот мандат даде оставка поради протестите за високите цени на гасот.

Со ваквата изјава, Борисов всушност го советува премиерот Груевски како по негов рецепт силно да ја порази опозицијата. Борисов во 2013 година си поднесе оставка од фунцијата, за потоа на следните избори во октомври 2014 година да и нанесе тежок пораз на опозицијата.

Колку победата на Борисов беше убедлива говорат податоците дека неговата партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) освои 32,60 проценти од гласовите. Опозициската коалицијата предводена од социјалистите - „БСП Лева Бугарија“ освои повеќе од двојно помалку гласови, односно 15,34 отсто, додека Движењето за права и слободи (ДПС) освои 14,79 проценти од гласовите.

Токму поради ова, Борисов со изјавата “народот ќе ја врати довербата“, всушност го советува премиерот Груевски како по негов рецепт да ја порази опозицијата. 

 

 

Оцени ја веста

12.05.2015 - 15:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега