Кабинетот на претседателот Иванов го осудува изнесувањето доверливи информации од страна на Заев

Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, во врска со изнесувањето информации од страна на претседателот на политичката партија СДСМ,Заев од одржаната седница на Советот за безбедност, испрати соопштение до јавноста.

ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ:

 - г. Зоран Заев, како претседател на политичката партија СДСМ беше повикан од страна на претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов да присуствува на седницата на Советот за безбедност, со цел да биде информиран за деталите и преземените дејствија во акцијата во Куманово, како и за безбедносната состојба на државата.

 - За г. Зоран Заев е покренато обвинение за случајот „Пуч". Македонскиот претседател, почитувајќи ја пресумпцијата на невиност, а водејќи се од државните интереси одлучи да го повика г. Заев да присуствува на седницата на Советот за безбедност.

 - г. Зоран Заев, согласно деловникот за работа на Советот за безбедност, потпиша изјава која го обврза да не изнесува какви било информации од одржаната седница.

Сметаме дека во вакви исклучително чувствителни моменти неопходно е одговорно однесување од сите.

 

 

Оцени ја веста

12.05.2015 - 14:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега