Хан со јасна порака: Опозицијата да се врати во парламентот

Ситуацијата во Македонија е многу сериозна и членови на Европскиот парламент веќе разговараат со спротивставените страни и се обидуваат да најдат решени, изјави синоќа во Белград еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан. 

На прес-конференцијата по средбата со српскиот премиер Александар Вучиќ, Хан истакнал дека во наредниот период ќе биде клучно да се утврди кривична, но политичка одговорност за случувањата во Македонија, пренесува Танјуг.

- Тоа е политички скандал, и потребно е опозицијата да се врати во парламентот, а истовремено да се формира истражен комитет кој ќе се занимава со политичката одговорност на целото прашање, истакнал Хан.

Според него, независно од политичарите и политичкиот систем, правосудството мора да го проследи овој случај и да се погрижи за неговите кривични аспекти.

- Ние како Европска комисија понудивме да дадеме поддршка, да ги обезбедиме неопходните експерти кои можат да гарантираат независност на истрагата, а на одговорните во земјата е да се позанимаваат со тоа. Тоа, исто така, ќе биде показател за европската перспектива на земјата, изјавил Јоханес Хан.

 

 

Оцени ја веста

08.05.2015 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега