Граѓаните го кажаа своето: Кои скопски клиники најмногу внимаваат на хигиената?

Пациентите на клиниките за гинекологија, гастро и пулмологија најзадоволни од хигиената, според најновото истражување на Министерството за здравство.

Во рамки на истражувањето на задоволството на пациентите во јавното здравство, спроведено изминатиот месец, како еден од индикаторите за мерење на задоволството на пациентите беше опфатена хигиената во јавните здравствени установи, при што се бележи пораст, споредено со 2013 година, пренесе Здравство24.

-Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство (96% од анкетираните пациенти одговориле дека се задоволни од хигиената во установата)

-Универзитетска клиника за гастроентерохепатологија (95% задоволни пациенти)

-Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија (93.3% задоволни пациенти).

Истражувањето е спроведено во форма на теренска анкета во вкупно 21 универзитетска клиника, 15 болници во повеќе градови низ државата и 32 здравствени домови, со што се опфатени вкупно 6300 испитаници.

 

 

 

Оцени ја веста

08.05.2015 - 10:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега