Тетово: Украл 13.500 евра среде бел ден

 
Вчера сред бел ден е ограбен стан на тетовчанец.
 
Се работи за 31-годишниот Т.И. од Тетово каде арамијата насилно го скршил цилиндерот од бравата на влезната врата и влегол во станот, извршил пребарување и украл кутија полна со злато, прстени, лири, ќустеци и разновиден накит и 310 евра.
Крадецот направил штета од 13.500 евра.