Ристовски: 70 нови изградени и 350 реконструирани училишта за период од 9 години

Заменик министерот за образование Спиро Ристовски на вчерашната трибина во Свети Николе се осврна на проектите кои во текот на минатите години се реализирани во образованието. Тој истакна дека во Свети Николе се реконструирани вкупно шест училишта и дека седмото во село Ерџелија ќе се реконструира во наредните месеци.

-Со 67 отсто зголемен буџет во образованието за период од девет години, со 70 нови изградени и 350 реконструирани училишта, бесплатно образование и воведен концепт на образовен процес еквивалентен на еден од најдобрите во светот – англискиот – е само дел од владиниот влог во иднината на младите генерации во Македонија, подвлече заменик министерот за образование Спиро Ристовски.

Вицепремиерот Пешевски се осврна на реализираните инфраструктурни проекти, но и на мерките кои во текот на изминатите години придонесоа да се намали стапката на невработеност и да се создадат нови работни места преку инвестиции како од домашните, така и од странските инвеститори.

- Создадовме над 170 илјади нови работни места. Ние знаеме дека не е решен проблемот со вработувањето и со висината на платите на нашите граѓани, но работиме да се создадат подобри услови и подобра егзистенција, рече Пешевски.

Потсети дека се изградени и реконструирани регионални и локални патишта, дека се обновени двата аеродрома и дека аеродромот во Петровец е прогласен за најдобар аеродром за два милиони патници.

Тој истакна дека ќе продолжи проектот за изградба на автопатиштата. - Од опозицијата сакаат да го омаловажат овој проект, но експертите велат дека токму за овој проект за изградба на автопатиштата ние имаме добиено најдобри услови со тоа што успеавме да ги вклучиме и домашните компании во нивната изградба, а цената е најниска која ја имаме во споредба со изградбата на други автопатишта во регионот, нагласи вицепремиерот Пешевски.

 

 

Оцени ја веста

16.04.2015 - 10:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега